МКК Куманово од -16, со пресврт до победа против дебитантот Маџари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три четвртини гостите од Маџари имаа предност, во одредени моменти и двоцифрена, изразена со 16.поени… Но во последната, потклекнаа, искусниот домашен состав тоа знаеше да го казни, да направи пресврт и да победи.

Дебитантот во Супер лигата не делуваше воопшто така на второто по ред гостување, вечерва во Куманово.

 

 

Покажа новиот тим на Маџари дека е кадарен да се носи со екипи од рангот на МКК Куманово во која има репрезенттивни имиња, но и неколку искусни, странски кошаркари.

Доказ плус за тоа беше играта на гостинската екипа во првото полувреме во кое оствари и високо водство, од 14.поени (46:32).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Стрезовце повреден откако се преврте товарно возило на градилиште

 

 

По тројката на Лафајет, некаде во 24.минута од мечот, Маџари се стекна и со поголема позитива (54:38).

Тој минус од 16 поени, ги натера домашните кошаркари да заиграат многу поангажирано, ос бено во фазата на нападот. Направија „сино-белите“ серија од (9-0) со која се доближија на (47:54) во тој средишен дел од третата четвртина.

 

 

Но Маџари успеа да го сопре тој налет на противникот, до крајот на третиот период задржаа гостите добар дел од предност, имаа плус 8 (62:54).

без нови резултатски „потреси“ се играше во првите три минути од последната четвртина, кога Маџари водеше со (69:62).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трајковски: Со нови улици, осветлување и мостови вложуваме во иднината на Куманово

 

 

Но во оние седум кои останаа за игра, гостите дадоа само седум поени. На другата страна, МКК Куманово го пронајде оној ритам кој го бараше цели три четвртини-победнички за нив.

Парцијално гледнао, момците на тренерот Марин Докузовски направија (20-7) со кои го свртеа резултатот во своја полза, за втор триумф од почетокот на Суперлигата.

 

 

 

 

 

 

 

Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски