МКК Куманово ќе игра плеј-аут, откако загуби од Работнички (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово со пораз го завршија регуларниот дел од домашниот шампионат и ќе се натпреваруваат за опстанок во Суперлигата.

 

 

Откако на гостински терен кумановци вчера забележаа пораз од составот на Работнички со 76:72, беа потопени сите надежи за борба меѓу најдобрите и избраниците на Марин Докузовски сега ќе играат плеј аут.

 

 

Не се погодија ни останатите натпревари, така Чаир изненадувачки го совлада МЗТ, а уште поизненадувачки Тиквеш го победи ТФТ, Кожув пак Пелистер, и така избија пред МКК Куманово во табелата.

 

 

Во плеј аутот од сезоната МКК Куманово ќе се бори за опстанок со екипите на Чаир, Работнички, Феникс, Гостивар и Ангели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово претрпе пораз од Чаир

 

текст: Никола Ивановски / фото: Давид Живковиќ