МКК Куманово ја отвори сезоната со пораз

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово со пораз го завршија првиот натпревар сезонава во првата кошаркарска лига на Македонија.

Loading...

На гостински терен избраниците на тренерот Марин Докузовски имаа лош старт против силниот ТФТ.

Првата четвртина од натпреварот беше со изедначен резултат. Двата тима на крајот од првите десеет минути игра имаа скор од 20:20, што наговестуваше неизвесен натпревар.

Втората четвртина дури кумановци имаа предност од два бода па на полувреме беа во водство со резултат 35:37.

Третата четвртина заврши со предност за домашниот тим, кој имаше три поени повеќе од кумановци, за да на крајот сино-белите потфрлат во последните десет минути за конечен скор 81:70.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Со 25 поени во дресот на Куманово најуспешен беше Тадија Тадиќ, 14 запиша Американецот Антабија Волер, додека со по 10 поени мечот го завршија Марјан Јанески и Ѓорѓи Георгиевски.

Во тимот на ТФТ со 23 поени најуспешен беше Дарин Говенс.

Следниот меч кумановци го играат дома против составот на Еуро Никел од Кавадарци.

Loading...

Никола Ивановски