МКК Куманово го совлада Кожув, но биката за плеј-оф не е добиена (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Во првиот меч од неделата програма од 21.коло на „МТЕЛ“ Супер лигата, кошаркарите на МКК Куманово го совладаа составот на Кожув и го одржаа надежите дека ќе бидат дел од првите шест екипи кои ќе играат во оној дел во кој ќе се бараат четири места за плеј-офот.

 

 

Во првото полувреме, двете екипи си разменија по една четвртина. Гостите од Гевгелија ја добија првата, со сосема солидна предност (32:24). Домаќините се вратија во втората, со слична позитива (26:14), доволно за да заминат со плус од четири поени, (50:46).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 30-годишен крадец од Куманово

 

 

Максимално изедначено се играше во продолжението на средбата.

Со забелешка дека кумановци успеаја да ја задржат таа тешко стекната позитива и по три одиграни периоди, имаа (67:62).

 

 

Иако изгледаше мала, таа се покажа како сосема недостижна за кошаркарите на Кожув во последните десет минути никако не успеаа да ја поништат.

По поените на новакот Боувен, на три и пол минути пред крајот гевгеличани заостануваа само два поени (74:76).

 

 

Но МКК Куманово направи, имаше подобра завршница, имаа подобар финиш „сино-белите“. Во период од деведесет секунди, направија скор (8-1), кој ги однесе до недостижно водство (84:75).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина Цвета Андоновска, партизанка од Куманово

 

 

Стевановиќ беше прво поентерско име во МКК Куманово. Дојде од 30.поени, но имаше и 10.скока, Луковиќ запиша 17.поени и 8.скока, Радукиќ уште 16.поени (осум скока и три додавања), а пријатно изненадување се оние 18.поени на Лука Димитриевски, дополнети со по четири скока и исто толку асистенции.

 

 

Во екипата на Кожув, која по 21. одигран меч има скор (11-10), Боувен направи дабл-дабл изразен со 20.поени и 11.скока. Николас заврши со 18.реализации, девет асистенции и седум скока, Бојчев имаше 15.поени (сите зад линијата од 6.75 метри, 5/7 во обидите за три поени), а Симиќ уште 11.ооени и пет скока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово го совлада Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски