МКК Куманово го совлада Гостивар во првиот плеј-аут натпревар (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Иако имаа убедливл, двоцифрено водство, до победата, која им беше императив, „сино-белите“ дојдоа на десетина секунди пред крајот кога Стојан Ѓуроски донесе водство, кое нешто подоцна, Столески не го поништи, пропушти шанса, со тројка, да донесе и изненадувачка победа за Гостивар среде Куманово…

 

 

Наместо мирна завршница, кошаркарите на МКК Куманово влегоа во драматична завршница на средбата со Гостивар, прв од Плеј-аут сегментот за двете екипи. Двоцифреното водство, кое го имаа по три одиграни четвртини (60:50), не се покажа како доволно за мирен финиш.

 

 

Напротив, Гостивар успеа да го анулира, дури и да поведе, и во последните две минути да има шанса и да победи во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој ја нападнал мајка си

 

 

Во драматичната завршница, Стевановиќ загуби една топка по која Димитриевски положи за (73:73). Во оние 14 секунди до крајот, репрезентативецот Ѓуроски положи за водство на МКК Куманово (75:73), но крајот беше далеку…

 

 

Во последниот напад, и добро организирана акција на гостиварци, Столески имаше отворена позиција, но не успеа со тројка, пред звукот на сирената, да му донесе победа на Гостивар, и ги остави надежите во битката за опстанок нешто поголеми.

 

 

Двата бода, тешко освоени, одат на контонто на екипата од Куманово за скор (11-12), многу поголем и веќе недостижен за Гостивар (6-17).

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица приведени по тепачка пред трговски објект во Куманово

Луковиќ беше на нивото на задачата во овие 40,минути. Го заврши искусниот центар мечот со ефект од 27.поени и 14.скока, додека Стевановиќ додаде 13.поени (плус осум асистенции и пет скока.

 

 

На спротивната страна, Димитриевски реализираше 16.поени (плус девет скока и три додавања), Младеновиќ имаше поен помалку и шест асистенции, Црниќ додаде 11, а Американецот Грегори уште 10. поени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишна кумановка нападната од поранешниот партнер

 

 

 

 

 

Текст: КФСМ / Фото: Никола Ивановски