МКК Куманово го разбуди спортскиот дух – Салата „грмеше“ како некогаш! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва загубија на домашен терен од екипата на Пелистер, но го разбудија спортскиот дух на градот, а спортската сала „грмеше“ како во златните времиња.

 

 

По скоро изедначената прва четвртина во која гостите имаа минимална предност 24:22, Куманово одигра одлично продолжение, подигајќи го темпото во нападот и играјќи поефикасно.

 

 

Домашниот состав го презеде резултатот и се одвои до солидни 49:40 на полувреме, што ја запали атмосферата на трибините.

 

 

Во второто полувреме, Пелистер постепено ја топеше негативата и во финишот на третата четвртина пристигна до само 59:62.

 

 

Во последниот период гостите направија серија со која го презедоа водството, стигнувајќи до највисоки 81:68, но Куманово не се предаде. Со серија од седум поени по ред, домашните се приближија на 75:81, враќајќи ја неизвесноста во завршницата.

Конечниот резултат беше 79:87.

 

 

Луковиќ одигра феноменален меч со 34 поени и 19 скока. Поддршка дадоа и Стевановиќ со 14 поени, како и Радукиќ со 13, но тимот се соочи со проблеми во реализацијата за три поени (2/20) и поголем број загубени топки.

 

 

И покрај поразот, МКК Куманово покажа одлични сегменти од игра, карактер и борбеност што ветуваат многу за продолжението од сезоната.

 

 

Публиката стоечки го поздрави тимот, доказ дека Куманово знае да го награди спортското срце.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски