МКК Куманово го пречекува МЗТ. Кумани со повик за акција „Фрли Мече“!

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 18 часот го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром во рамки на домашниот шампионат.

По поразот во финалето од Купот на Македонија, избраниците на Марин Докузовски ќе имаат можност да се реваншираат, повторно пред својата верна и многубројна публика.

Во меѓувреме навивачката група Кумани повика на интересна акција насловена „Фрли мече“.

Тие ги повикуваат сите присутни во салата да дојдат на натпреварот со играчка мече, а во одреден моменти сите заедно ќе бидат фрлени на теренот.

Како што велат мечињата подоцна ќе бидат собрани и донирани на деца од ранливите категории.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово денеска против Еурофарм Пелистер

Никола Ивановски