Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на Феникс со почеток во 20 часот.
Мечот ќе се игра во Спортската сала Куманово, но и овој пат без публика на трибините поради казна која „се провлекува“ уште од минатата сезона.
И првиот меч дома, избраниците на Марин Докузовски го играа без публика. Тогаш го совладаа тимот на КК Маџари со резултат 82:76.
Досега кумановци имаат две победи од исто толку натпревари, додека Феникс една победа и еден пораз.
Никола Ивановски