МКФ за Нова година го казни КК Куманово со 36.000 денари

Сподели со своите пријатели

Осмото коло во домашното кошаркарско првенство ги донесе и првите повисоки казни. Работнички му гостуваше на Куманово, а играчите на клубот од „Градски парк“ не наидоа на пристоен пречек од домашните навивачи. На теренот повторно беа фрлани тврди и меки предмети, гостинските кошаркари беа плукани и навредувани со песни од трибините поради што натпреварот неколку пати беше прекинуван.

Комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, по добиените извештаи од делегатите за натпреваруња  ги изрече казните за изминатото коло. Според извештаите, Куманово ќе треба да плати 36.000 денари, Фени индустри  деветпати помал износ, по 2.000 денари ќе треба да платат Пелистер и Кожув.