Кошаркарскиот клуб Куманово може да се соочи со драстични казни од Македонската кошаркарска федерација доколку не се подобри безбедноста на Спортска сала, ова е заклучокот на денешната седница на Управниот одбор.
На седницата беше посочено дека условите во Спортската сала во Куманово се на незадоволително ниво и дека неправилностите ќе мора да се отстранат до почетокот на Суперлигата.
Според соопштението од МКФ, доколку се случи прекин на натпревар одигран во Куманово за време на Супер лигата и плејофот, по било кој основ, а притоа делегатот назначи дека имало неправилност, салата ќе биде прогласена за небезбедна и забранета за игра во понатамошниот дел од натпреварувањата.
Одлуката и казните освен за салата на КК Куманово ќе важат и за Работнички, кој исто така ќе мора да направи подобрување на условите во Градски парк.
Денеска се игра последното коло од регуларниот дел на сезоната помеѓу Куманово и Гостивар, по што следува битката во плеј офот.