Судот во Мјанмар денеска го осуди јапонскиот новинар Тору Кубота на дополнителна тригодишна затворска казна под обвинение дека го прекршил законот за мигранти, објави весникот „Асахи“, повикувајќи се на судски извори.
Loading...
Воениот суд во Мјанмар претходно го осуди Кубота (26) на 10 години затвор минатата недела под обвинение за снимање на антивладиниот протест во Јангон во јули.
Кубота е осуден на седум години затвор под обвинение за кршење на Законот за електронски сообраќај и три години за поттикнување, изјави Тецуо Китада, заменик-шеф на мисијата во Јапонската амбасада во Мјанмар.
Кубота беше уапсен во јули за време на протестите во најголемиот град во Мјанмар, Јангон.