Митевски најави дигитализација и нови алатки за транспарентност во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување, порача Дарко Митевски, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, на денешната прес-конференција посветена на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа.

„Општина Куманово веќе е препознаена по својата висока транспарентност и отчетност. Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата,“ изјави Митевски.

 

 

Тој нагласи дека општината ќе продолжи да вложува во јакнење на административните капацитети и приближување до граѓаните, потенцирајќи дека Куманово ќе остане пример за правилно управување со јавните ресурси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 45-годишен кумановец по пријава дека ја нападнал поранешната сопруга

„Ќе останеме пример за правилно управување со јавните ресурси, за чесно, посветено, отчетно и транспарентно работење,“ додаде тој.

Во новиот мандат, Движењето ЗНАМ најавува серија проекти и активности насочени кон уште поголема ефикасност и достапност на општинските услуги.

Меѓу нив се дигитализација на најкористените услуги и нивно интегрирање на националниот портал, воспоставување на електронски документ менаџмент систем, отворање инфо-центар и инфо-линија за граѓаните, изработка на нова инклузивна веб-страница и развој на мобилна апликација за пријавување проблеми и предлози.

Ќе се реализираат и младински форуми и панел-дискусии, редовни јавни средби со граѓаните, поставување инфо-табли во руралните средини, навремено информирање преку медиуми и издавање дигитален општински весник со информации за проектите и активностите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бојан Велевски вечерва го отвора „Art Attack“ фестивалот во Куманово

„Со полна одговорност велиме – Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување. Општина што ги слуша граѓаните, ги почитува нивните потреби и ги вградува нивните идеи во секој проект,“ истакна Митевски.

На крајот додаде дека отчетноста не е само бројка, туку доверба што се гради со труд и искреност.

„Отчестноста не е само број, таа пред сè е доверба. А довербата што ја создаваме заедно е темелот врз кој Куманово чекори напред – посилно, поорганизирано и поуспешно,“ порача Митевски.

Никола Ивановски