Гувернерката на Њујорк Кети Хочул изјави дека нема индикации за терористички напад откако возило експлодира во средата на границата меѓу САД и Канада во близина на Нијагарините водопади.
„Во овој момент, нема индикации за вмешаност на терористите во инцидентот со мостот Виножито“, рече Хочул во објава на платформата Х, порано Твитер.
„Не сме свесни за какви било закани за областа, но нагласувам дека истрагата е во тек“, изјави Хочул за новинарите рано во средата.
Иако истражителите не нашле докази за терористички чин, околностите на инцидентот остануваат нејасни и допрва треба да се утврди дали несреќата била случајна или намерна, наведува Ројтерс.
Возило експлодираше во средата на граничниот премин Виножито мост меѓу САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, поради што властите го затворија тој и три други гранични премини меѓу западниот дел на Њујорк и јужниот дел на Онтарио, соопштија официјални лица.
Безбедносната камера ја снимила несреќата, а видеото го објавила американската агенција за царина и гранична заштита (CBP) на платформата X.
На снимката се гледа како автомобилот патува со голема брзина, а потоа удира во ограда и лета во воздух пред да удри и се запали.
Во несреќата загинале возачот и сопатникот, а службеникот на ЦБП се здобил со полесни повреди.
Властите не ги објавија имињата на двете лица за кои се верува дека загинале.
Си-Ен-Ен објави дека возачот е 56-годишен маж кој со својата сопруга одел на рок концерт со луксузен Бентли.
Очевидецот Мајк Гинтер изјави за телевизиската станица во Бафало WGRZ-TV дека се движел во близина на мостот со неговата сопруга кога автомобил кој доаѓал од американската страна со голема брзина удрил во ограда на преминот и бил катапултиран во воздух пред да експлодира.
„Тој леташе, преку 100 километри на час“, рече Гинтер.
Инцидентот се случува во услови на зголемена загриженост за безбедноста ширум светот што произлегува од конфликтот на Блискиот исток и на врвот на американските празнични патувања пред празникот Денот на благодарноста.
JUST IN: The Buffalo Niagara International airport has been closed to all international flights according to the FAA.
The announcement came in response to what appears to be a terror attack at the U.S.-Canada border crossing Rainbow Bridge.
An eye witness is claiming that they… pic.twitter.com/HjFHJFrLM3
— Collin Rugg (@CollinRugg) November 22, 2023