Џена Џејмсон се уште е во болница, додека лекарите повеќе од еден месец се обидуваат да утврдат што довело до тоа поранешната филмска ѕвезда за возрасни да ја изгуби способноста за одење.
Откако „повраќаше неколку недели“, Џејмсон (47) на 5 јануари отиде во болница, а потоа почна да го губи чувството во нозете, изјави нејзиниот партнер Лиор Битон во видеото на Инстаграм.
„Мускулите на нејзините нозе беа многу слаби, па не можеше да оди во тоалет. Таа продолжи да паѓа.Морав да ја носам, а потоа за два дена ситуацијата се влоши и воопшто не можеше да оди“, објасни Битон.
Битон ја однел Џена во болница, каде што лекарите првично верувале дека таа има Гилен-Баре синдром, ретко невролошко нарушување каде што имунолошкиот систем на телото погрешно го напаѓа нервниот систем, предизвикувајќи мускулна слабост и привремена парализа.
Меѓутоа, нешто повеќе од една недела подоцна, по пет рунди терапија со имуноглобулин – стандарден третман на нарушувањето и дополнителни тестови, лекарите утврдиле дека не се работи за споменатата автоимуна болест.
Додека лекарите се обидуваат да ја идентификуваат мистериозната болест, Џејмсон од болницата повремено споделува објави на Инстаграм.
„Еј луѓе. Сè уште сум во болница, но добро ми е и наскоро ќе излезам“, накратко изјави таа на својот Инстаграм Стори праќајќи бакнежи до камерата.
Џејмсон, исто така, почна да оди на физикална терапија во јануари, како што претходно изјави Битон.