Властите во Турција истражуваат мистериозен монолит, кој неочекувано го открил локален земјоделец во југоисточната провинција Санлиурфи.
На монолитот се гледал натпис на турски јазик, кој гласи „Погледни го небото, ќе ја видиш месечината“.
Мистериозниот објект е висок околу три метри и бил откриен недалеку од локалитетот Гобекли Тепе, кој содржел мегалитски структури кои датираат од 10 век п.н.е., илјадници години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Полицијата ги разгледува снимките од надзорните камери во пошироката област, обидувајќи се да го идентификува возилото што можеби го пренесувало монолитот.
Во текот на изминатата година, мистериозни монолити се појавија во бројни земји и исчезнаа по некое време.
Утврдено било дека уметничка група стои зад монолитите. Дали е така и овој пат, истрагата ќе покаже.