Мистериозен метален монолит, сличен на оној што се појави во пустината во Јута, САД и неколку европски земји, беше откриен во четвртокот на бреговите на реката во Торонто.
Правоаголниот столб, висок скоро четири метри, веќе се појави и исчезна на друго место во Канада, во градовите Ванкувер на запад од земјата и во Винипег на југ на почетокот на декември.
Во Торонто, неколку луѓе побрзаа да фотографираат со необичен предмет и ги споделија сликите на социјалните мрежи.
На фотографијата објавена на Инстаграм во петокот наутро, се чини дека објектот е вандализиран со црвени графити.
View this post on Instagram
Првиот монолит од овој тип е откриен во средината на ноември во пустината во Јута.
Тогаш слични столбови почнаа да се појавуваат во различни делови на светот – на рид во Романија, на плажа на островот Вајт (на југот на Англија), а потоа и во Полска, поттикнувајќи ја љубопитноста кај корисниците на социјалните мрежи.
Некои видоа сличност со вонземјаните монолити од научно-фантастичниот филм на Стенли Кјубрик „2001: Вселенска одисеја“.
Групата, која работи под името „Најпознат уметник“ со седиште во Ново Мексико, објави дека авторот на предметите во Јута е член на нивната група, но не и на предметите откриени во Романија, Велика Британија и Холандија.
View this post on Instagram