Мистеријата за исчезнатото девојче која трае веќе 38 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кетрин е дете на британски војник, која исчезна во трговски центар во германскиот град Падербон во ноември 1981 година на нејзиниот втор роденден.

Loading...

Во тоа време, таа била со нејзината мајка и тетка си купувала слатки за роденденската забава, додека нејзиниот татко го паркирал автомобилот за тоа време.

Мајката за кратко го оставила детето со својата сестра да се врати за чипс. Девојчето ја следело нејзината мајка и исчезнало.

Потрагата траеше долго. Ја барале полиција, војска и граѓани, но никаде не го пронашле детето.

– Поминавме низ пеколот последните 38 години. Како и сите родители, на кои им недостасувале децата, но се надеваме на среќен крај. Се надеваме дека ќе добиеме барем некои одговори – рече Ричард Ли (69) таткото на девојчето на британскиот Мирор.

Тој рече дека верува оти детето е украдено и продадено на брачна двојка која не може да има деца.

Во меѓувреме, по 38 години, полицијата пронајде нови траги.

Поточно, на 23 септември е уапсен еден човек кој можеби имал врска со исчезнувањето на Кетрис Ли, а локалните медиуми објавија дека во Свиндон била претресена куќа.

Loading...

Поранешен член на војската, кој оттогаш е ослободен, наводно е уапсен.

Во февруари 2017 година, исто така, направен е фото-робот на можен киднапер, како и фотографија на која се гледа како изгледа денес девојчето.

Leave a Reply