Зошто подземните езера на Марс се таму каде што не треба да бидат?
Откритието, објавено во 2018 година, засекогаш го смени разбирањето за геологијата на Марс. Потоа, радарите, под површината, открија „сјајна дамка“, што укажува на постоење на подземен резервоар со проточна вода.
По спроведените последователни анализи, експертите откриле повеќе такви сјајни точки и откриле дека цела мрежа на подземни езера се крие под сувата површина на Црвената планета.
Сепак, не е се толку едноставно.
Според новата студија, која откри дека има десетици такви сјајни точки, некои од нив се наоѓаат во региони кои се премногу ладни за проточна вода.
– Засега, не сме сигурни дали овие сигнали покажуваат области на проточна вода или не, но сигурно овие светли точки се пораспространети отколку што првично се сметаше.
Првото вакво место беше забележано на јужниот пол на Марс од страна на вселенското летало „Марс експрес“ со помош на неговиот радар. По понатамошна анализа на архивираните податоци, откриени се уште три такви нешта кои се слични на езеро.
– Ако сигналите што доаѓаат од под земја се посилни од оние што отскокнуваат од површината, тогаш можеме да претпоставиме дека станува збор за проточна вода – додаде таа.
Универзитетот во Аризона ја прошири претходната потрага. Тие пронајдоа десетици вакви области. Сепак, некои од нив се наоѓаа на еден километар под површината, каде што температурата е околу -63 степени Целзиусови.
Претходните истражувања покажаа дека водата полна со калциум и магнезиум може да остане во течна состојба долго време и на -123 степени Целзиусови. Ние исто така знаеме дека Марс е богат со такви соли, како и натриум.
Студија од 2019 година, пак, покажа дека нема доволно сол за топење на мразот во основата на слоевите наслаги на јужниот пол на Марс.
Ниту вулканската активност не го решава проблемот
Затоа експертите заклучија дека треба да има некаква форма на геолошко затоплување, можеби во форма на геотермална активност или вулканизам. Сепак, иако има докази за вулканска активност на Марс, таа е откриена надвор од областа.
Па, какви се овие сјајни дамки тогаш? Научниците се уште не се сигурни. Ако понатамошните истражувања покажат дека тоа е дефинитивно проточна вода, тогаш ќе биде потребно да се разбере принципот според кој овој мраз се топи и се претвоара во подземно езеро.