Полицијата во Англија пронашла тело на млада жена за време на потрагата по 24-годишната Лејси Лејк, која последен пат била видена во такси во петокот, 3 јануари 2025 година.
Лејси Лејк последен пат била видена во областа Стоунхаус во Плимут , Девон, околу 18 часот.
Откако влегла во таксито, сив мерцедес, локацијата на мобилниот и била исклучена и и се губи секаква трага.
Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека телото било пронајдено во северен Плимут, но идентитетот се уште е непознат, пренесува Мирор.
– Полицајците кои трагаат по исчезната жена од Плимут открија тело на непозната жена на 7 јануари. Била повикана брза помош, но на лице место веднаш била констатирана смрт – соопштија од полицијата.
– Официјалната идентификација допрва треба да се изврши. Не веруваме дека причината за смртта е сомнителна. Го известивме семејството на Лејси Лејк кое ја пријавило како исчезнато – додава полицијата.
Семејството и пријателите се огласија на Фејсбук за да ја изразат својата загриженост затоа што Лејк има дијабетес и немала инсулин со себе во моментот на нејзиното исчезнување.
Два дена подоцна исчезнала и Аиша Кербуче (19).
Последен пат била видена во бар во Хадерсфилд, Западен Јоркшир во раните утрински часови во неделата, 5 јануари. Нејзината најдобра пријателка објавила на Фејсбук.
– Сподели! Мојата најдобра пријателка Аиша Кербуче ја нема. Последен пат е видена како излегува од барот Маверикс, Хадерсфилд, во 3.30 часот – напишала Амбер Оливер.
Таа откри дека Ајша во моментот на нејзиното исчезнување носела чипкаст црн комбинезон.
– Таа е висока околу 162 см. Има долга црна коса и впечатливи тетоважи. Ако некој знае каде е или дали е безбедна, ве молиме контактирајте ме мене или нејзината мајка, сите сме многу загрижени за неа. Таа нема телефон – стои во објавата на Фејсбук.