Светот денеска одбележува 49 години од едно од најголемите достигнувања за човештвото, слетувањето на Аполо 11 на Месечината. На 20. јули 1969. година во 22:56 часот по источно време, додека 600 милиони луше во светот гледале на телевизија, астронаутот Нил Амстронг зачекорува на површината на Месечината и ја изговара познатата реченица „Ова е мал чекор за човкот, но голем за човештвото“.
Слетувањето на Месечината е едно од најважните обележја на човековата цивлизацијата, а неговото значење се истакнува и денеска. Меѓутоа, изгледа дека ниту еден друг настан не предизвикал толку контроверзии и теории на заговор, а скоро 50 години тој често се истакнува како една од најголемите светски измами.
АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!
Loading...
ВИСТИНАТА ЗАД ПОЗНАТАТА ФОТОГРАФИЈА НА АРМСТРОГН И ОЛДРИН
На Месечината слетале двајца астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, а бројни фотографии тоа го потврдуваат. Меѓутоа, на фотографиите на кои се двајцата заедно, се јавува сомнеж и скептиците се прашуваат кој ги направил тие фотографии, ако само тие двајцата биле на Месечината.
Тие фотографии предизвикаа голем број контроверзии затоа што очигледно снимателот не бил со нив. Како што објаснува „Национална географија“, фотографиите се направени од камерата која била во оделата на астронаутите, како и на леталото кое слетало на Месечината.
Иако овој настан и натаму е популаран како во научниот свет, така и во поп културата, неколку интересни факти за мисијата и натаму остануваат релативно непознати.
1. Армстронг со себе понел парче дрво од авионот кој припаѓал на браќата Рајт
Првиот забелажл лет го извеле браќата Рајт во 1903. година, 66 години пред слетувањето на Месечината. Поради то Армстронг мислел дека треба да понесе со себе парче дрво од пионерскиот авион, како и парче ткаенина за да го симболизира големиот напредок во авијацијата.
2. Претседателот Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа
Иако Аполо 11 сега има зацементирано место во светската историја, во моментот на лансирањето неговиот успех не бил толку сигурен. Постоел голем ризик од пропаѓање на мисијата, па дури и претседателот Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа.
3. Армстронг и Олдрин на површината на Месечината минале скоро цел ден
Периодот изминат надвор од вселенското летало познат е како EVA (extra-vehicular activity), што во превод би значело активности надвор од вселенскиот брод. Поради многу експерименти кои астронаутите ги спровеле на месечината, вкупната EVA траела 21 час и 36 минути.
Loading...
4. По враќањето на Земјата, биле сместени во карантин
По слетувањето на Земјата, тројца астронаути веднаш биле одведени во карантин каде минале 21 ден. Причината за оваа чудна акција е спречување на контаминација на било какви микроорганизми кои ги носел екипажот од Месечината, затоа што се враќале од неистражена територија.
5. На провршината на Месечината оставиле фотографии од луѓе и снимки на разни јазици
Астронаутите на Месечината оставиле неколку предмети, вклучувајќи фотографии од луѓе и аудио снимки на неколку различни јазици кои претставуваат глобално значење на мисијата. Покрај тоа, оставиле медалјони со имиња на тројцата астронаути кои загинале во Аполо 1 на лансираната подлога, како и двајца космонаути кои страдале во слична несреќа.
6. Во моментот на слетување имале гориво за само уште 25 секунди
Пред почетокот на мисијата постоела јасна локација на слетувањето. Меѓутоа, кога леталото започнало да слетува, забележано е дека локацијата е исполнета со карпи и знаеле дека слетувањето ќе биде опасно. Поради тоа Армстронг започнал рачно да управува со сондата, која вклучува скокање преку опасни предели, а оваа одлука значела и поголема потрошувачка на гориво. Постоела одредена граница за трошење на горивото, по што леталото би започнало автоматско прекинување на слетувањето. Слетале 25 секунди пред да се достигне таа точка.
7. Слетување на Месечината на телевизија го следеле 600 милиони луѓе
Со денови пред почетокот на мисијата, медиумите пишувале за овој настан, што ги заинтересирано луѓето ширум светот. Слетувањето така го гледале дури 600 милиони луѓе, што бил рекорд во тоа време.
8. Иако на Месечината биле испратени тројца астронаути, само двајца застанале на неа
Поголемиот дел од луѓето мислат дека во Аполо 11 имало само двајца астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, од кои првиот е далеку попознат. Иако е точно дека модулот кој пристигнал на Месечината носел само двајца астронаути, сепак биле тројца кога го напуштиле вселенскиот центар Кенеди на Флорина на 16. јули 1969. година. Кога леталото пристигнало на Месечината, еден модул останал во орбитата околу Месечината и во него се наоѓал третиор астронаут Мајк Колинс. Иако Колинс не ја почуствувал популарноста од спуштањето на Месечината, оваа мислија не би била успешна без него.
9. Оваа фотографија открива дали е во прашање измама
Ова е лице на човекот кој штотуку слетал на Месечината (Нил Армстронг), а не лице на човек кој сето тоа го лажирал.
10. Каде се ѕвездите
Една од врдењата која ја изнесуваат теоретичарите на заговор е дека на површината на Месечината немало ѕвезди. Тоа е причина поради која Месечината е толку светла, рефлектирајќи многу сончева светлина. На фотографиите од слетувањето на месечината, Аполо 11 нема ѕзвезди затоа што камерата не можела да ги сними.
11. Студиски светла
Оваа фотографија често се користи како „доказ“ дека е во прашање измама. Како што истакнуваат оние кои не веруваат во најголемото достигнување на човештвото, во горниот лев агол видливи се „студиски светла“.
Loading...
– Ајде да се вратиме чекор наназад. НАСА ќе пушти фотографија на која се гледаат студиски светла? Чудните светла на сликата се едноставно објективи на ракетата, рекол Роџер Лауниус од Националниот музеј за авијација.