Мистер Алек денес во хуманитарна акција за Александар и Мартина

Сподели со своите пријатели

Алек Роберт кој во април стана Мистер топ модел денеска во хуманитарна акција ќе продава балони за врсниците кои ќе се најдат на градскиот плоштад, а собраните средства ќе ги донира за лекувањето на Александар и Мартина кои боледуваат од цироза на црн дроб.

Настанот ќе започне во 17 часот, а цената на балоните ќе зависи од тоа кој колку сака да донира за лекувањето на двете дечиња за чија операција се потребни 100.000 евра.

Инаку сите кои се корисници на мрежата на „T-Mobile“ можат да донираат 100 денари со повик на телефонскиот број 070 143 144. За оние кои сакаат да донираат со уплата на парични средства во банка тоа можат да го сторат на следниот начин:

Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на жиро сметка: 320500025832633

 

Loading...