Додека се движел на јапонскиот автопат „National Route 275“, еден маж на патот забележал напуштено кутре, па решил да застане и да се погрижи за него.
Тој го нарекол кученцето Луна, а го барал нејзиниот сопственик на социјалните мрежи.
Причини поради кои вашиот миленик е постојано гладен
Но, кога објавил фотографии од Луна на својот профил на Твитер @marcy_com, тој открил дека воопшто не се грижи за куче.
Иако повеќето коментирале за слаткото младенче, само добрите познавачи на животни забележале дека не станува збор за куче. И нивните сомневања беа потврдени со видео во кое Луна „лаеше“.
Иако многумина шпекулираа дека станува збор за животински вид на танука, т.е. куче од ракун, ветеринарот утврдил дека всушност станува збор за младенче од лисица.
Младен уловил поскок па го зел за домашен миленик (ВИДЕО)
Бидејќи е забрането да се чуваат лисици за домашни миленици во Јапонија затоа што тие се носители на опасни паразити, мажот сепак го нашол совршеното место за оваа младенче.
Во градот Китами, тој пронашол фарма со лисици каде ќе живее малата Луна, бидејќи тие не можеле да ја пуштат во дивината, бидејќи на возраст од два месеци не може да се грижи за себе, а нејзината мајка очигледно ја изгубила.
【拡散希望】
本日14:30頃、月形町の国道275号の路側帯にいた子犬を保護しました。
セブンイレブンを札幌方向に向かって少し進んだあたりです。(信号手前)病院に連れていったところ
・生後1~2ヶ月
・女の子
とのこと心当たりのある飼い主の方がいらっしゃいましたら連絡お願いします#保護犬 pic.twitter.com/vp1mkakIO3
— MARCY (@marcy_com) May 1, 2020