На еден британски пензионер му се заканува доживотна казна во јапонски затвор откако во неговиот багаж била пронајдена дрога, а неговата ќерка тврди дека е жртвна на интернет измама.
Френк Родвеј (67) од Салфорд зел авион од Мали и слетал во Токио каде во торбите му биле пронајдени 2,1 килограми амфетамин. Тој во затвор е веќе шест месеци и се соочува со доживотна казна според строгите јапонски закони против криумчарење дрога.
Но, неговата ќерка Лора за „The sun“ рекла дека татко и паднал на мејл измама во која го наговориле да оди во Мали за да потпише документација за наследство, каде во багажот без негово знаење му сокриле дрога. Потоа му било кажано да оди во Јапонија за да го собере своето наследство.
– Никој не може да верува. Тој е тип на човек кој сака пиво, се грижи за кучето на својот сосед и ја сака својата градина. Мојот татко има дијабетес и ретко патува. Никогаш не бил подалеку од Скарбороу, а сега е обвинет дека е меѓународен нарко дилер. Можете да го замислите мојот шок, рекла неговата ќерка.
Пензионерот наводно преку електронска пошта го уведиле дека може да добие наследство во вредност од околу осум милиони фунти и дека затоа најпрвин треба да отпатува во Мали. Но, кота стигнал таму му било кажано дека од таму мора да оди во Јапонија.
Кога слетал на аеродромот во неговиот багаж била пронајдена дрогата и тој сега е во затвор.
Неговата ќерка тврди дека ги видела мејловите и дека има доказ оти станува збор за измамници.
Родвеј сега чека датум за судење, а во контакт е со Министерството за надворешни работи.