Мислеа дека никој не ги слуша: Микрофонот улови интересен детаљ додека Трамп му шепотеше на Макрон

Сподели со своите пријатели

Интересниот разговор меѓу Доналд Трамп и Емануел Макрон беше снимен во пресрет на вчерашниот затворен состанок во Белата куќа, каде што претседателот на САД, украинскиот лидер Володимир Зеленски и шефовите на ЕУ разговараа за крајот на војната во Украина.

Loading...

Трамп и Макрон веројатно мислеа дека никој не може да ги чуе во тој момент, но микрофонот „улови“ за што зборуваат двајцата претседатели.

„Мислам дека тој (рускиот претседател Владимир Путин) сака договор. Мислам дека сака договор, поради мене, разбирате ли? Колку и да звучи лудо“, му се довери Трамп на Макрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Трамп јасно ја покажа својата желба за трајно решение во Украина

Изјавата даде дополнителен увид во ставот на Трамп за средбата минатата недела со Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска.

Трамп и специјалниот американски пратеник Стив Виткоф тврдат дека успеале да ја добијат согласноста на Путин дека САД и другите членки на НАТО можат да застанат во одбрана на Украина во случај Москва да го прекрши евентуалниот мировен договор.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му честиташе на Трамп, нагласувајќи дека тоа е „голем чекор напред“ со цел да се запре војната во Украина и да се постигне мир.