Влегувањето на НАТО во конфликтот за Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Правиме се што можеме за да не го заоструваме конфликтот. Русија е нуклеарна сила и многу сме свесни дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе добиеме Третата светска војна“, рече Мишел во интервју за шпанскиот весник.Паис“.
Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања од ЕУ.
„Точно е дека тие сакаа повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое не сите европски земји го делат истото мислење“, рече Мишел.
Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе започна пристапниот процес.
Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)
„Мораме да ги поддржиме нашите партнери кои гледаат кон слободниот свет. Договорите за пристапување во ЕУ имаат огромен потенцијал, кој е потценет“, нагласи претседателот на Европскиот совет.