МИС УКРАИНА СЕПАК НЕ ОТИДЕ ВО ВОЈНА: Сакам да ги инспирирам другите

Сподели со своите пријатели

Веста за украинската инфлуенсерка и поранешна мис на Украина на изборот за убавина Мис Гранд Интернационал 2015, Анастасија Лени се појави во некои странски медиуми, а нејзините неодамнешни објави на Инстаграм оставија впечаток дека таа им се придружила на украинските вооружени сили во одбрана на земјата.

– Секој што ќе ја помине украинската граница со намера да изврши инвазија ќе биде убиен! во една објава напишала на англиски, а во друга, неколку дена постара, позирала со пушка и вели: „Дојдете и борете се со нас!“.

Сепак, подоцна се покажа дека ова е недоразбирање што Лена го поправи во понеделникот.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Miss Ukraine🇺🇦Anastasiia Lenna (@anastasiia.lenna)

 

– Не сум во војска. Јас сум само жена, обичен човек како сите луѓе во мојата земја. Сакам да ги инспирирам другите со фотографии на мојот профил. Не правам никаква пропаганда освен дека сакам да покажам дека жените од Украина се силни, самоуверени и моќни, изјави Анастасија.

Таа додаде дека ја цени поддршката што луѓето ширум светот и ја даваат на нејзината татковина.

Да потсетиме, околу 17 отсто од украинските воени сили се жени. Од 2018 година жените во армијата имаат исти права како и мажите, а од 2019 година можат да студираат на воените факултети.