Уште четворица јужноафрикански војници се убиени во борби со бунтовниците М23 во Конго.
Loading...
Јужноафриканските трупи се во Конго како дел од мисиите на ОН и Јужна Африка.
Малави и Уругвај исто така загубија мировници.
Бунтовниците објавија дека го зазеле градот Гома и покрај тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации бара да ја прекинат офанзивата, пренесува Танјуг.
Демонстрантите во Киншаса, главниот град на Конго, ги нападнаа објектите и амбасадите на ОН, вклучително и дипломатските претставништва на Франција, САД и Руанда, во знак на протест поради „странското мешање“.