Мирослав Тричковиќ нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Мирослав Тричковиќ од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од денеска официјално е нов член на Советот на Општина Куманово.

Неговиот избор го потврди и верификационата комисија при советот.

– Верификационата комисија на Советот го разгледа уверението на советникот Мирослав Тричковиќ од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ издадено од ОИК и утврди дека советникот има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за неговиот избор. Врз основа на тоа верификационата комисија му предлага на Советот на Општина Куманово да го усвои овој извештај и да изврши верификација на неговиот мандат, рече Лидија Костиќ, претседателка на верификационата комисија.

Тричковиќ ја потпиша и свечената изјава и со тоа официјално стана дел од составот на Советот.

Тој доаѓа на местото на Бобан Николовски кој во меѓувреме стана директор на ЈП „Куманово план“ и поднесе оставка.

Инаку, Тричковиќ е член на ДПСМ и досега бил дел од Советот на Општина Куманово и во претходните два состави.

Никола Ивановски