Мирно заврши протесниот марш насловен како „За заедничка Македонија во Куманово.
Loading...
Пораки „Едно име имаме“ , „Еден е јазик на Македонците“, повици за чиста Македонија, но и навреди и клетви имаше на вечерашниот марш во Куманово. Толпата тргна од Спортската сала, а завршија пред зградата на Општина Куманово.
Дојдовме на овој граѓански собир да го кренеме гласот против претворање на македонија во бинационална држава , што сигурно ќе биде вовед во нови поделби на оваа парче земја што ни остана од македонија. Сето оваа се прави на нетранспарентен начин. Никој не знае што договара врхушката на сдсм што само ги подига тензиите во македонија , а при тоа и помеѓу нивното членство, од преговорите е исклучена најголемата мултиетничка коалиција на ВМРО , само со цел да некој дојде на власт по секоја цена- рече Јовица Станковски советник во општина Куманово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Нешто повулгарен во своите излагања беше Предраг Петрушевски, претседател на Здружението „Бранители 2001“ кој индиректно се закани на семејството на градоначалникот Зоран Дамјановски.
Организаторите и за утре најавија марш со иста маршута.
Loading...
Loading...