Мирно и без проблеми тече гласањето во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема регистрирани нарушувања на изборниот проес, ниту на предизборниот молк во Куманово, а гласањето се одвива без проблеми.

– На подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Кристина Цветковска, претседател на Општинската изборна комисија информираше дека нема никакви проблеми и гласачите си го остваруваат своето право на глас.

– Засега се тече како што треба, опремата си работи како што треба, отворено е во 7 часот, нема никакви пријавени проблеми, гласачите си гласаат, изјави Цветковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навреме започна гласањето во Куманово

 

 

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.

Никола Ивановски