Мирна новогодишна ноќ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мирна беше новогодишната ноќ во Куманово, оценуваат лекарите, кои немале премногу работа, освен мали повреди во тепачки.

Loading...

Оваа година никој не побарал помош поради предозирање со алкохол или храна.

– Новогодишната ноќ мина релативно мирно. Имавме ситни повреди во домашни услови, тројца вкупно, само една тепачка од тројцата повредени, а немаше пријавено интоксицирани од алкохол или јадење. Така да имавме една мирна ноќ, весела ноќ, и еве едно ново наговестување на плодна и среќа година со бебенце од женски пол, изјави д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФК Куманово 2012 и ФК Куманово Еуроспорт на силен меѓународен турнир во Малта

 

Инаку, според билтенот на МВР, неколку тепачки се случиле во новогодишната ноќ, поради што неколку лица биле и приведени.