Мирковски нов тренер во КК Куманово, обновени договорите со 8 играчи

Сподели со своите пријатели

Владимир Мирковски ќе го предводи Куманово во претстојната сезона, откако досегашниот тренер Александар Петровиќ си заминува од клубот, а информацијата ја потврдија и од управата на прволигашот.

Loading...

Младиот Мирковски доаѓа од тренерската позиција на ФМП, а претходно има работено и со Вардар, МЗТ, Бест, како и четири сезони во Кина, а беше и селектор на кадетската репрезентација на Македонија.

 

 

Освен со тренерот, договори биле потпишани и со седум кошаркари кои и минатата сезона настапуваа во дресот на Куманово. И годинава, акцент ќе се стави на домашните играчи, велат за Кумановски Муабети, од Управата на клубот.

Своите договори ги обновиле: Оливер Двојаковски, Горјан Марковски, Миодраг Тодоровиќ, Дамјан Миса, Филип Стојановски, Ѓорѓи Георгиевски, Теодор Атанасов и Андреј Цветковски. Според нашите неофицијални информации, во завршна фаза се и преговорите со Марјан Јанески.

Во однос на дополнителни зајакнувања на ростерот, отворени се сите опции, повторно со акцент на домашните играчи.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply