Работнички е првата екипи која ќе биде присутна во Куманово, која ќе се обиде да го сопре победничкиот поход на МЗТ Скопје во Купот.
Шефот на стручниот штаб на „црвено-белите“ е свесен за тежината која со себе ја носат дуелите со вечниот ривал:
„Честитки до екипата на Куманово и градот кои ќе го организираат финалниот турнир од ова натпреварување. Добро е да се биде назад во овој кошаркарски град, публиката тоа знае да го цени. Отвораме со МЗТ Скопје, можеби најдобрата екипа во првенството. Ние ќе го дадеме максимумот, ја знаеме тежината на градското дерби. Се надевам дека салата ќе биде исполнета со навивачи и ќе дадеме добра увертира за она што ни следи понатаму“.
Виктор Ефремовски посакува да победи подобриот во овој втор четвртфинален натпревар од финалниот турнир од Купот:
„Дерби мечевите секогаш имаат посебна тежина, свесни сме за каков натпревар станува збор, па нека победи подобриот на теренот“.

