Испитните рокови на факултетите се поблиску, а универзитетските истражувачи наведуваат дека мирисот на рузмарин може да го подобри вашето памтење.
Според резултатите од испитувањето, учениците и студентите кои работеле во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за памтење.
Такви резултати се во склад со тестови наменети за возрасни лица – вели марк Мос од Унивезитетот „Нортамбри“, наведува ВВС.
Мос изјавил дека истражувањето ги потврдило и претгодните уверувања дека рузмаринот влијае на памтењето. Мирисот на рузмарин со векови се врзува со памтењето, пишува ВВС, додавајќи дека учениците во стара Грција носеле венчиња од рузмарин на испити.
Истражувањето ќе биде претставено оваа недела на годишната конференција на Британското психолошко здружение.
Loading...