Минути пред почетокот на примирјето Израел испрати порака до Газа: Војната не е завршена!

Сподели со своите пријатели

Неколку моменти пред официјалниот почеток на привремениот прекин на огнот, израелската армија објави видео на социјалните мрежи во кое ги предупредува жителите на Газа дека „војната се уште не е завршена“.

Loading...

„Хуманитарната пауза е привремена“, рече Авичај Адраи, портпарол на израелските одбранбени сили, кој зборуваше на арапски.

„Северниот појас Газа е опасна воена зона и движењето кон север е забрането. За ваша безбедност, мора да останете во хуманитарната зона на југ“, им порача тој на жителите на Газа.