Вооружените сили на Белорусија започнаа серија маневри со кои се тренира борбена готовност во услови на транзиција од мирно време во војна, соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Главната цел на вежбите е спроведување на серија континуирани обуки кои ги вклучуваат сите категории на воен персонал, воени единици и командни центри, кои треба да практикуваат координирани мерки за премин од мир во војна“, соопшти белоруското Министерство за одбрана на Телеграм.
Од Министерството за одбрана објаснија дека овие мерки се преземаат согласно планот за обука за 2021-2022 година.
„Обуката за борбена готовност се одржува по уште една кампања за регрутирање, во време кога регрутите веќе ги совладале основните воени вештини“, соопшти Министерството за одбрана, пренесе ТАСС.