Министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан во Луксембург

Сподели со своите пријатели

За Западен Балкан во Луксембург ќе разговараат и министрите за надворешни работи на Европската унија, а во дискусијата ќе им се придружат и шефовите на дипломатиите од тој регион.

Loading...

Како што е најавено во Брисел, на состанокот на Советот за надворешни работи на кој ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, пренесува агенцијата Бета.

Украина и Блискиот Исток

Со состанокот ќе претседава високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел.

Европските министри прво ќе разговараат за руската агресија врз Украина, по неформална размена на мислења со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, преку видео конференција.

Потоа ќе разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе се разговара и за ситуацијата во Грузија и регионот на Големите езера.