Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка поради преквалификацијата на обвинението од страна на Јавното обвинителство за смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово, јавува порталот СДК.мк.
На вечерашната прес-конференција во Владата, Саљији рече дека кога станал министер бил убеден дека правосудството треба да се изгради во демократско општество, односно дека ја поддржува политиката на Владата за едно општество за сите.
„Но, довербата е разнишаната во правосудството. Затоа, поради преквалификување на обвинението за Алмир од морални причини поднесувам оставка“, рече Саљији.
По прес-конференцијата, не беа дозволени прашања и Саљији веднаш си замина.
Извор: СДК.МК
Loading...