Министерот за надворешни работи на Израел го обвини Гутереш дека е на страната на Хамас

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, го обвини генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш дека, како што рече, „зазема страна со Хамас во повикувањето на прекин на огнот во Појасот Газа“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Loading...

„Повикувањето на членот 99, кој не е искористен за војната во Украина или граѓанската војна во Сирија, е уште еден пример за пристрасниот и едностран став на Гутереш“, напиша Коен на мрежата Х.

Според неговата проценка, повикот за прекин на огнот „ја срами позицијата на генералниот секретар“ и го претставува „знакот на Каин“ во ОН, наведува Танјуг.

Израелскиот министер повтори дека прекинот на огнот во овој момент ќе го спречи уништувањето на палестинската милитантна група Хамас, која врши воени злосторства и злосторства против човештвото, и ќе овозможи да продолжи да владее во Газа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш претходно оваа недела за прв пат се повика на членот 99 од Повелбата на Обединетите нации, кој му дозволува на шефот на ОН да го извести Советот за безбедност на секое прашање што, според него, може да го загрози зачувувањето за меѓународниот мир и безбедност и предупреди на „хуманитарна катастрофа“ во Газа, повикувајќи на прекин на огнот.

Во петокот, САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации за актуелниот прекин на огнот во Газа.

За резолуцијата гласаа 13 членки на Советот за безбедност на ОН, еден воздржан и еден глас против.