Министерот Таравари тврди дека немало лекарска грешка со смртта на родилката од Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Арбен Таравари останува на ставот дека лекарска гершка со смртта на родилката од Куманово, немало.

Loading...

– Имавме комисија. Разговарав со комисијата, сите едногласно беа на ставот дека нема лекарски пропуст, изјави кратко денеска Таравари при посетата на кумановската болница.

Ваквиот став и претходно го истакнуваше министерот, иако адвокатот на семејството на родилката, во меѓувреме рече дека се сомневаат во таквите заклучоци на комисијата.

– Нашите првични сознанија се дека навистина има лекарска грешка и затоа ќе најдеме и стручни лица кои тоа нешто ќе го потврдат. Од друга страна сметам дека е премногу рано да се излегува со какви било заклучоци во услови кога сите неонатолошки тестови и преднатални тестови кои биле извршени за време на бременоста не покажале апсолутно никаква аномалија ниту кај родилката ниту кај бебето. За изненадување е како може нешто во последните 36 часа толку да се искомплицира што ќе заврши со овој трагичен настан, изјави неодамна адвокатот на семејството на починатата родилка, Христијан Георгиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој физички ја нападнал сопругата

Триесет и едногодишната кумановка почина на 27 септември на Одделението за гинекологија и акушерство во Општа болница Куманово.

Откако пристигнала во болница со прснат водењак, било чекано подолг период самата да добие контракции.

Откако тоа не се случило ѝ била давана стимулација при што нејзиното срце престанало со работа.

Родилката веднаш била однесена во операциска сала, каде е породена со царски рез.

Loading...

На свет донесе машко дете, чија здравствена состојба беше исклучително тешка и комплицирана.

Тоа било нејзино второ породување.

Никола Ивановски