Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

Министерот Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ вечерва во ЈЗУ Општа болница Куманово го посетија полицаецот кој беше повреден на денешниот протест на граничниот премин Табановце и му посакаа што побрзо закрепнување.

 

 

Полицискиот службеник беше повреден откако активист на ВМРО-ДПМНЕ го нападнал на протестите на Граничниот премин Табановце, каде симпатизерите на партијата се обидоа да протестираат и да побараат ослободување на нивните 36 сопартијци обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија.