Одлуката на индискaта министерка за туризам и култура, Уше Такур, да им наплаќа 100 индиски рупии, на оние кои сакаат да прават селфи со неа, ја подели јавноста во Индија.
Некои сметаат дека оваа одлука е многу добра, додека други мислат дека тоа е грубост и арогантно однесување бидејќи ги искористува предностите на сиромашните кои сакаат да се фотографираат со неа, имајќи предвид дека е популарна.
Меѓутоа, министерката Такур, кој припаѓа на владејачката хинду националистичка партија во индиската држава Мадја Прадеш, се одлучила на овој потег од хуманитарни причини, со донирање на сите пари од селфито на фондот за борба против коронавирусот.
„Селфито е долг процес поради губење време и прекршување на програмите“, рече министерката Такур, која, меѓу другото, барала кога патува некаде, наместо букет цвеќиња, домаќините да ѝ даваат книга бидејќи само „беспрекорниот“ Господ Вишну – врховната божествена личност, може да понуди цвеќиња, со оглед дека божицата Лакшми живее во нив – симбол на среќа и мир.
Уша Такур е позната по забрана за собирање муслиманска младина во хинду населби, бидејќи тврди дека муслиманската младина им се додворува на хинду девојките со цел да ги преобратат во ислам.
Нејзината изјава на 25 септември 2015 година, крена многу прашина и доведе до конфликт меѓу муслиманите и хиндусите кога рече дека муслиманите треба да ги жртвуваат своите синови за Курбан Бајрам, наместо овци и други животни.