Пет лица загинале, а 14 се повредени кога минибус што превезувал земјоделски работници се превртел во канал во округот Ердемли, во јужната турска покраина Мерсин.
Според првите информации, минибус управуван од возач чиј идентитет сè уште не е утврден, излетал од патот и се превртел во канал во населбата Авгади, во населбата Ајдинлар, пишува Анадолија.
Екипи на брза помош, полицијат аи пожарникари биле испратени на местото на несреќата.
Спасувачите ја потврдиле смртта на пет лица на лице место, додека 14 повредени биле префрлени во блиските болници на лекување.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.