Милиони магариња годишно се убиваат во Кина поради лек од традиционалната медицина

Сподели со своите пријатели

Магариња стари само пет месеци ги удираат со чекан по главата и тие умираат споро во агонија, а сето тоа поради состојки кои никому не му се потребни.

Групата за заштита на правата на животните ПЕТА објавила фотографии од магариња на кинески фарми кои ги убиваат со чекани за да од нив прават „ејиао“, лек за чие правење се користи кожа од магање, пишува Индепендент.

15 момчиња завршиле во болница откако силувале магаре заразено со беснило

Loading...

Овој лек станал доста популарен помеѓу богатите Кинези кои веруваат дека тоа е лек за слаба циркулација, дека го успорува стареењето и дека е лек за несоница.

„ПЕТА Азија“ ги повика сите добри луѓе да го отфрлат „ејиао“ и да ги охрабрат своите пријатели и семејството да го сторат истото. Од оваа организација велат дека многу животни кои сведоците ги виделе, биле во валкани боксови и стоеле во своите фекалии и урин. Ги убиваат со чекани затоа што тоа е најевтината варијанта.

 

 

Минатата година, неколку африкански земји не сакале да продаваат магариња во Кина.

– „Ејиао“ е многу популарен лек во Кина кој луѓето самите си го препишуваат. Но, моментално има недостаток, па се продаваат лажни лекови кои се многу скапи. Тоа е она што би го нарекле крвав тоник, го спречува крварењето и ја зајакнува крвта. Се користи за лекување на анемија, наведува кинески експерт.

60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално

Според неговите зборови, овој лек во облик на гел, се раствора во топла вода или алкохол. Се користи како крема, на пример, против чиреви на нозете.