Милиони луѓе останаа без дом по земјотресот во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многу сѐ уште се водат за исчезнати.

Loading...

Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800, јавува Ројтерс.

Турските спасувачки тимови денеска продолжија да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани се мали.

Експертите велат дека најголемиот број преживеани ќе бидат спасени во рок од 24 часа по земјотресот.

Во петокот, 11 дена по земјотресот, три лица беа спасени.

Во Сирија разрушена од граѓанска војна, бројот на загинати е тешко да се утврди бидејќи некои од областите погодени од земјотресот се под контрола на владата, а други се под контрола на опозицијата.

Милиони луѓе ги загубија своите домови. Има многу што живеат на улиците, пред урнатините на зградите каде што некогаш живееле.

Речиси 400.000 шатори, ќебиња, храна, тимови за психолошка поддршка беа испратени во десет региони во Турција.

Loading...

Жртвите се закопуваат во масовни гробници. Иако постојат надежи дека во урнатините ќе се најдат уште преживеани, сепак чуда се можни. Вчера, на дванаесеттиот ден од земјотресот, пронајдени се преживеани.

Еден човек е спасен од урнатините на зграда во турската провинција Хатај 278 часа по разорниот земјотрес.

Спасувачките екипи од целиот свет ја напуштаат Турција.

#fakti #interesnifakti #zanimlivosti #daliznaevtedeka #факти #интереснифакти #занимливости #дализнаевтедека