Филмот „Матрикс 4“ во кината треба да пристигне на крајот на декември оваа година, што е одлична вест за љубителите на познатата франшиза.
Трите филма од серијалот припаѓаат на класиците на филмската уметност (некои би рекле, само првиот дел), а еден детал пропушти дури и на најжестоките фанови на првиот дел на „Матрикс“.
Станува збор за сцена во која Нео (Кијану Ривс) и Морфеус (Лоренс Фишбурн) ја отвораат вратата, а нивните одрази се гледаат на вратата.
Погледнете ја сликата:
Проблемот што го имаат авторите на филмот, браќата Вачовски, со снимањето на сцената е како да ја сокријат камерата во рефлексијата. За да го направат тоа, ставиле одело и пол вратоврска над камерата, за да се вклопат со Лоренс Фишбурн во позадина.
Десет за напор, сигурно. Инаку, браќата Вачовски, ако не ги следеле, во меѓувреме станаа сестри Лана и Лили, односно го сменија полот.