Во текот на 2021 година, безбедноста на храната беше акутно загрозена од 193 милиони луѓе во 53 земји, според извештајот, што е скок од речиси 40 милиони луѓе во споредба со 2020 година, покажуваат податоците.
Конфликтите во Демократска Република Конго, Авганистан, Етиопија, Судан, Сирија и Нигерија се меѓу причините зошто бројот на луѓе кои се соочуваат со глад постојано се зголемува во последните неколку години.
Пандемијата и кризата по неа ја влошија ситуацијата, се вели во извештајот.
Временските екстреми во неколку африкански земји, исто така, предизвикаа голем недостиг на храна.
Околу 570.000 луѓе во Етиопија, Јужен Судан, јужен Мадагаскар и Јемен биле изложени на ризик од глад во 2021 година, се вели во извештајот.
Обединетите нации повикаа на дополнителна финансиска поддршка, како и посилна политичка волја за запирање на порастот на гладот.
Најголем проблем има во руралните средини, се вели во извештајот. Околу две третини од луѓето чија безбедност на храна е загрозена живеат во оддалечени региони, што поттикна повици за поголеми инвестиции во земјоделството.