Околу еден илион денари кумановската библиотека потрошила на нови книги минатата година, соопшти денеска на 63-та седница на Советот на Општина Куманово, директорот на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“, Марјан Петковски.
Поголемиот дел од средствата за новите книги биле издвоени од Буџетот на Општина Куманово, додека останатиот дел бил од сопствени средства на установата.
Дел од советниците со критики до директорот поради неодржување одредени промоции на книги со наслови од јазиците на малцинствата.
Со блок дотации во текот на 2016 година беа потрошени вкупно 938.430 денари за набавка на нови книги, додека од сопствената сметка на библиотеката беа потрошени 34.825 денари. Согласно законот за трансформација на редовнен работен однос треба одобрение од Министерството за финансии за исплата на минимални авторски хонорари. Минатата година упативме две такви барања до министерството на кои не добивме одговор. Настојуваме да набавиме на сите јазици, но мора да признам дека младите АЛбанци и Македонци во последно време читат литература на англиски јазик, па се трудиме да излеземе во пресрет на нивните барања – рече ММарјан Петковски, директор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.
Како што потенцираше Петковски има издвоени средства, но без одобрение од Министерството за финансии не смеат да се исплаќаат авторски хонорари за промоции, во спротивно се предвидува казна.