МИЛИЈАРДИ ВО БЛАТО: Пронајдено мочуриште полно со пари (видео)

Сподели со своите пријатели

Авантуристите кои ги истражуваат напуштените локации од советска ера наишле на огромна количина рубљи во поплавен рудник во Русија.

Групата независни истражувачи од Русија, која ги обиколува напуштените локации од време не комунизмот, ги одушевило мноштвото од Ленинови лица на монетите расфрлани во напуштениот рудник во областа Владимир.

На ова планина се крие богатството на Путин: Секоја година „капнуваат“ 115 милиони евра (фото)

Авантуристите слушнале гласини дека поголема количини на стари советски пари била затрупана во ракетниот силос во близина на Москва. Се испоставило дека барем милијарда рубљи, по распадот на СССР завршиле во поплавениот рудник, што според курсот од 1991 година изнесува над 33 милиони долари.

Мештаните, кои ги упатиле на локацијата, со децении не сакале да припаѓаат на местото затоа што мислеле дека е озрачено поради ракетните тестови кои се вршеле во близина. Откако Гајферовиот бројач не покажал ништо невообичаено започнале да го прочешлуваат мочуриштето.

Подземно царство на Студената војна: Руски бункер во кој може да стане цела Москва (видео)

Откриена голема количина, сега целосно бескорисна хартија, некогаш била вистинско богатство имајќи предвид дека 100 рубљи биле сосема солидна плата.

Бевме воодушевени, но и тажни истовремено, при спознавањето дека ова е одамна минато време и дека оваа количина пари би била повеќе од доволна за секој  рекла челницата на тимот Олга Богданова, пренесува ВВС.

Нејзиниот колега Антон Алексејев мисли дека ова е едно од трите вакви локалитети, на кои се фрлени големи количини пари по одлуката да се реформира Советскиот сојуз.