Рускиот милијардер Денис Штангелов (46), сопственикот на трговскиот центар „Зимнаја вишна“ во сибирскиот град Кемерово, главен е виновник за избувнување на незапамтениот пожар во тој објект кон почетокот на неделава и за страшната смрт на 64 лица, вклучувајќи и жи оти на 41 дете.
Не само што тајкунот не вложил во безбедноста на шопинг центарот во кој не постоеле адекватни излези во случај на опасност, како ниту противпожарен аларм, туку одбил од Австралија да се врати во Руската Федерација и да сноси одговорност за трагедијата.
На сето тоа руските медиуми објавија како тој и членови на неговото семејство уживаат во раскошен живот, со многубројни фотографии од приватни авиони, луксузни патувања и забави со многу алкохол.
Првиот капитал Штегелов го стекнал пред кризата во деведесетите, а Форбс неговата компанија „КВД Групс“ ја смести меѓу 100 најмноќни приватни фирми во Русија.
Иако првин имало наводи дека тој го преселил семејството во Австралија, па дека самиот останал во роден Томск, сега се верува дека и тој заминал во потоплите краишта на светот.
Loading...
Како што се наведува, тој одбива да се отповика на руските власти и да се врати во земјата. Тие повици следуваат откако веќе четири лица се приведени поради немарност и непочитување на безбедносните прописи во трговскио центар во кој избил пожарот и усмрти огромен број луѓе.
Меѓу приведените е директорката Надежда Суденок, која треба да објасни како центарот добил употребна дозвола ако не биле задоволени основните везбедносни стандарди.
Инаку, во центарот работел неквалификуван персонал, кој во моментот на избувнување на пожарот во паник ги блокирал вратите од киното на четвртиот кат од зградата, поради што луѓето во салата, вклучувајќи и едно одделение деца, починале во стравични маки.
Рускиот претседател Владими Путин, кој вчера го посети Кемерово и положи цвеќе недалеку од местото на хоророт, порача дека одговорните за трагедијата ќе бидат пронајдени и жестоко ќе платат за она што го направиле.